Диего Симонет МВП на Ф4, Уве Генсхајмер прв стрелец во ЛШ

Аргентинскиот бек во составот на Монпелје, Диего Симонет е поргласен за најдобар играч на годинашниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите во Келн. Симонет со тимот на Монпелје става шампион на Европа и прв аргентински ракометар со титула во ракометната Лига на шампионите.

Ракометниот Меси како што го нарекуваат Симонет, беше стрелец на победничкиот гол за Монпелје во вчерашното полуфинале протув Вардар, а денеска го предводеше францускиот тим во победата за титула против Нант.

На завршната свеченост на Ф4 турнирот во Келн, Уве Генсхајмер ја доби „златната топка“ како најдобар стрелец во Лигата на шампионите сезонава со вкупно 92 гола. За германското лево крило во дресот на ПСЖ ова е трета голгетерска титула во ЛШ во која беше прв стрелец и во 2011 и во 2017 година.

Се вчитува...