Дика Мем останува во Каталонија, Барселона потпиша нов договор со Французинот

Ракометниот гигант Барселона потврди дека го продолжи договорот со еден од своите најдобри ракометари, Дика Мем до 2027 година.

Десниот бек, чиј договор првично беше до 2024 година, постигна договор за продолжување на соработката на уште три сезони.

24-годишниот играч по потпишувањето изјави дека е пресреќен за продолжување на соработката.

„Ова е точка на гордост. Многу сум среќен што ќе продолжам во клубот, тоа го сакав од самиот почеток. Многу сум среќен и сега можам да се фокусирам на други работи”, заклучи Дика.

Се вчитува...