Дилета искрено – Ибра? Никогаш не би била со женет човек!

Фудбалерот на Милан Златан Ибрахимовиќ и прекрасната италијанска новинарка Дилета Леота снимаа заедничка реклама, поради која јавноста почна да зборува дека е возможно двојката да е во врска. Сепак, сексапилната водителка ги демантираше овие наводи велејќи дека никогаш не би била со женет човек.

„Во моментов сум слободна. Секогаш сум била верна. Сакам да одморам малку во мојот живот. Да се посветам на себе, да бидам сама на домашниот кревет и да гледам филмови. Кога се работи за Ибра, ве молам никогаш не би била со женет човек“, изјави Леота. 

Италијанската јавност збореше за можна врска на пароти бидејќи покрај тоа што заедно снимаа реклама, неколку пати беа фатени на заедничка вечера.

Се вчитува...