Димитковски поднесе оставка од Вардар Неготино

Вардар Неготино по денешниот пораз од Караорман, остана без шеф на стручен штаб. Љупчо Димитковски поднесе оставка од менстото тренер на неготинскиот тим.

Вардар е меѓу последните на табелата без ниту еден бод од три кола.

„По денешниот пораз oд екипата на Караорман и поради слабите резултати,по разговор со шефот на стручниот штаб заедно со управата,тренерот на екипата Љупчо Димитковски си поднесе оставка. Се надеваме во натамошниот дел од шампионатот на подобри резултати и посилен Вардар.“, стои во соопштението на ФК Вардар Неготино.

Се вчитува...