Димитриевски доби суспензија од четири меча

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доби суспензија од четири натпревари  поради бизарниот црвен картон кој го заработи на мечот на Рајо Валјекано против Леганес.

Димитриевски поради реакција кон судијата, во само неколку секунди, во 63. минута доби два жолти картони и апсурдно исклучување. Според главниот судија, наводно македонскиот голман испратил прикриени навредливи зборови кон судијата поради што го доби вториот жолт картон, веднаш откако претходно доби жолт картон поради реакција за една некоректна одлука на делителите на правдата.

Поради казната Димитриевски ќе ги пропушти мечевите против Логроњес, Лас Палмас, Жирона и Алкоркон. Тој ќе биде надвор од терените до 10. јануари и мечот против Мирандес.

Се вчитува...