Димитриевски го одбрани Рајо од Роналдо, на крајот за реми (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го одбрани Рајо Ваљекано од Кристијано Роналдо и Манчестер јунајтед на пријателскиот натпревар кој заврши без победник, 1-1.

Димитриевски бранеше во првите 45 минути на дуелот кои завршија без голови. Токму во периодот кога на терен за првпат во дресот на Јунајтед во подготвителниот период беше и Роналдо. Роналдо беше заменет на полувремето, како и македонскиот голман.

Во второто полувреме Јунајтед поведе преку Диало во 48. минута а Гарсија во 58. минута ги постави конечните 1-1.

 

Се вчитува...