Димитриевски и Рајо ремизираа со Севилја

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валекано го забележаа и второто реми во низа откако во 22. коло одигра 1-1 против Севилја. Гостите беа подобриот противник и предноста ја имаа уште од 29. минута кога стрелаше Сусо, но од прекин Рајо изедначи со голот на Леже.

Со новиот бод Рајо останува на шестото место на табелата со 34 освоени бода, додека сезоната за заборав на Севилја продолжува понатаму. Тимот е на 12. место со 25 освоени бода со кои е поблиску до зоната која води во вториот ранг отколку до европските натпреварувања.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...