Димитриевски ја „спушти ролетната“, Рајо го совлада Алавес (ВИДЕО)

Со две одлични одбрани, Столе Димитриевски придонесе за победата на тимот на Рајо Валјекано во дуелот со Алавес. На крајот нашиот голман заврши и со „чиста мрежа“ во дуелот, а неговиот тим победувајќи со 2-0.

Димитриевски во првиот дел имаше две одлични интервенции, а ги одбрани сите четири обиди на противникот во првото полувреме. Во вториот дел одлично реагираше на неколку нафрлени топки, и не му дозволи на противникот да го загрози неговиот гол.

Рајо триумфираше со 2-0, со головите на Гвардиола и на Катена во првиот дел.

Се вчитува...