Димитриевски: Криво ми е што го прочитав а не го одбранив пеналот!

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Чуварот на мрежата на македонската репрезентација Столе Димитриевски по три едноподруго натпревари без примен гол, ја почуствуваа таа горчина на денешниот тест дуел против Азербејџан.

Димитриевски беше совладан од пенал по само пет минути игра на натпреварот…

„Имав добри одбрани денеска, исто така го прочитав и пеналот, за малку ќе го скротев… Криво ми е што не успеав во тоа, затоа што потоа сигурен сум дека ќе стигневме до победата“ – вели Димитриевски притоа дополнувајќи:

„Одигравме два натпревари, еден цврст против Финска и денешниот со повеќе шанси на двете страни и два гола од пенал. Одбраната се чувствува сигурно, исто и јас со оглед дека сега имам вистинска минутажа и во клубот. Не победивме денеска, но оваа наша селекција сигурно ќе се бори за првото место во Групата Д во Лигата на нации. Имаме потенцијал и квалитет за тоа“.

Се вчитува...