Димитриевски на чекор од Гетафе!?

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред продолжување на кариера во редовите на мадридски Гетафе.

Реномираната „Марка“ пренесува дека Гетафе го продава својот досегашен голман, Аргентинецот Леонардо Чичизола а на негово место го носи Димитриевски со кого веќе се почнати и преговори за ангажман.

Не е тајна и дека македонскиот голман е расположен за преселба во Гетафе, но за тоа се прашува и актуелниот негов клуб Рајо Ваљекано.

Димитриевски во моментов е во изолација откако беше тестиран позитивен на коронавирус. Деновиве очекува нов тест, па доколку е негативен ќе се приклучи на подготовките на својот тим.

Се вчитува...