Димитриевски со „чиста мрежа“, Рајо го совлада Валјадолид (ВИДЕО)

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано остварија победа на гостувањето кај Валјадолид. Македонскиот голман ја сочува мрежата чиста, и имаше две одбрани на овој меч.

Палазон од трагичар се претвори во херој на мечот. Соиграчот на Димитриевски најпрво промаши пенал, а потоа реализираше од игра за конечен триумф за Рајо.

Рајо дојде до седмата победа од 17 натпревари, и се искачи на високото осмо место во Ла Лига. За Димитриевски ова беше втора „чиста мрежа“ сезонава во Ла Лига.

Се вчитува...