Димитриевски со фантастични одбрани го фрли Вилјареал во очај (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано одигра само 1-1 против Вилјареал, во интересен и возбудлив натпревар во кој и двата тима можеа да ги освојат бодовите. Вилјареал остана со играч помалку од 76. минута, но тие ги имаа подобрите шанси во вториот дел, но фантастично ги сопре Столе Димитриевски.

Вилјареал поведе со голот на Сорлот во 15. минута, но само минута подоцна Перез успеа да израмни.

Во второто полувреме Димитриевски ги одбрани ударите на Тригуерош, а особено на Пино, кој во 83. минуа излезе сам пред нашиот голман, но фантастично реагираше чуварот на мрежата и ја сочува својата мрежа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...