Димитриевски: Убаво е чувството да те бара Валенсија, но за мене најважен е Рајо

Столе Димитриевски доби шанса да застане на голот на Рајо Валјекано по десетина одиграни кола во Примера дивизион, максимално ја искористи укажаната доверба од стручниот штаб и оттогаш е еден од незаменливите првотимци во мадридскиот клуб. Добрите настапи на Димитриевски придонесоа сериозен интерес за неговите услуги да покаже и тимот на Валенсија, но Македонецот е максимално фокусиран на настапите за својот сегашен клуб.

„Среќен сум што клуб како Валенсија се интересира за моите услуги, но не му давам преголемо значење на тој момент бидејќи сакам да се фокусирам само на една работа – настапите за Рајо Валјекано и борбата за опстанок на мојот клуб. Откако ќе го осигураме тоа што сите го посакуваме, потоа на клубот и на спортскиот директор е да решат за мојата иднина. Светот на фудбалот е таков да не може да се дадат било какви гаранции, затоа сум фокусиран само на сегашните и на моите одбрани на голот на Рајо“ – изјави Димитриевски.

Следен предизвик за македонскиот голман е денешниот натпревар на домашен терен против Џирона, во обид да се прекине серијата од четири порази и да се побегне од претпоследното место на табелата.

Се вчитува...