Димитриевски за малку повторно со одбранет пенал, но Рајо секако победи… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за малку повторно ќе беше со одбранет пенал за Рајо Ваљекано во првиот натпревар од 19. коло во Ла Лига. Сепак, неговиот тим секако победи со 4-2 во пресметката против Селта Виго.

Иако Рајо поведе во раната фаза од мечот, гостите со два брзи гола во 13. минута и 18. минута дојдоа до пресврт. Вториот погодок во 18. минута беше дело од пенал на Максимилијано Гомез. Димитриевски одлично го прочита противничкиот фудбалер и за малку не успеа да спречи погодок…

Но, Рајо Ваљекано потоа преку Раул Де Томас во 37. минута дојде до израмнување, а истиот фудбалер во 77. минута го донесе и пресвртот за 3-2. Конечните 4-2 ги постави Бебе во 91. минута.


Рајо Ваљекано продолжува со одличните игри сега веќе полека и стигнувајќи до излез од опасната зона.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...