Димитријевиќ и Хувентуд немаа сили за сензација

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд се наоѓаат во негатива од 0-1 во четвртфиналната серија од Еврокупот против Виртус Болоња откако по голема борба капитулираа на гостувањето во Италија (80-74).

Хувентуд имаше водство по првото полувреме (41-44), играше „егал-меч“ се до последните пет минути, кога Болоња успеа резултатски да се одлепи. Гостите од Шпанија имаа неколку можности да се вратат, но промашија шутев во последните две минути, на крајот губејќи го мечот со конечни „минус пет“.

Димитријевиќ го заврши мечот со шест поени и 3 асистенции, најефикасен кај Хувентуд беше Лопез Аростеги со 20 поени, додека кај победничкиот тим главни фигури беа Белинели со 24 поени и Теодосиќ со дабл-дабл од 11 поени и 10 асистенции.

Оваа четвртфинална серија се игра до две победи, а вториот меч ќе се игра на теренот на Хувентуд.

Се вчитува...