Димитријевиќ и Уникс го прегазија Зенит за предност во ВТБ плеј-офот

Уникс Казањ поведе со 1-0 во полуфиналната серија против Зенит во ВТБ лигата откако го одбрани домашниот терен славејќи со убедливи 94-67. Победата тимот на Ненад Димитријевиќ ја најави уште во првата четвртина која ја доби со 32-21, а продолжи во ист ритам и до последната минута.

Македонскиот интернационалец натпреварот го заврши со осум поени при реализација 4/6 за два поени, а забележа и шест асистенции и по еден скок и украдена топка за 20 минути поминати на теренот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICS Kazan (@unicsbasket)

Се вчитува...