Димитријевиќ маестрален во новата победа на Уникс

Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар за Уникс Казањ, предводејќи го својот тим на гостувањето против Парма со 82-89.

Уникс се мачеше во првото полувреме да ја оправда фаворитската улога, но затоа Димитријевиќ ја презеде контролата во вториот дел и го предводеше својот тим до триумф. Македонецот имаше само три поени во првото полувреме, но потоа експлодираше во завршните петнаестина минути, во кои Уникс го сврте резултатот во своја полза и стигна до победата.

Димитријевиќ на крајот реализираше 18 поени, погодувајќи две тројки од три обиди, потоа 4/8 за два и 4/4 за еден поен. Тој беше најдобар стрелец на својот тим заедно со Рејнолдс, иако одигра седум минути помалку од Американецот.

Се вчитува...