Димитријевиќ најефикасен, но Хувентуд загуби во Монако

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд го претрпеа првиот пораз во Топ 16 фазата од Еврокупот откако вечерва загубија на гостувањето против Монако со 97-82. Пресудна беше третата четвртина во која „кнезовите“ славеа со 22-13, успевајќи да создадат предност што дополнително ја зголемија до крајот на мечот.

Хувентуд одлично стартуваше, поведувајќи со 0-10 на самиот стартот од натпреварот, но Монако експресно се врати и првата четвртина заврши со минимални 22-23 за гостите од Бадалона. Шпанскиот клуб минатата седмица го совлада Монако, но францускиот претставник овојпат се одмазди со иста мера, па овие два тима по четири кола се наоѓаат на делба на првото место на табелата со по три победи и еден пораз.

Димитријевиќ беше прв стрелец на својот тим со 15 поени (10 од нив во второто полувреме), надополнети со четири скока, четири асистенции, но македонскиот плејмејкер имаше и четири загубени топки.

Се вчитува...