Димитријевиќ одличен на дербито, но на победата се радуваа Емил Рајковиќ и ЦСКА

Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва се зацврстија на првото место во ВТБ-лигата, откако успеаја да слават во денешното дерби против Уникс Казањ со убедливи 91-77. Со овој триумф, ЦСКА им се одмазди на големите ривали за поразот претрпен во Казањ пред околу еден месец, во новата македонска пресметка во ВТБ меѓу Емил Рајковиќ на едната и Ненад Димитријевиќ на другата страна.

Лидерот наметна силно темпо уште од самиот почеток, ја доби првата четвртина со 27-15, по што избраниците на Рајковиќ рутински го контролираа резултатот до самиот крај, триумфирајќи со конечни „плус 14“.

Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар за Уникс, постигнувајќи 17 поени и 9 асистенции, но и тоа беше премалку за да може да се дојде до нов триумф над ЦСКА. Најефикасни во тимот на Емил Рајковиќ, за кој не настапи центарот Милутинов, на овој дерби натпревар беа Вер со 17 и Далас Мур со 14 постигнати поени.

Се вчитува...