Димитријевиќ перфектен, но Уникс загуби од Зенит

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казање забележаа нов пораз во руската ВТБ лига откако денеска загубија на гостувњето кај Зенит Санкт Петерсбург со 83-78 во последното коло од регуларниот дел од сезоната.

Гостите подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од четири поени 18-22. Домаќините успеаја со иста мера да вратат во вториот период па на полувреме да се замине во егал (41-41). Димитријевиќ одиграа слаб трет период во кој домашниот тим успеа да се одвои и пред последните десет минути да замине со предност од плус осум (63-55). До крајот го исконтролираа мечот за конечни 83-78. Димитријевиќ беше еден од најдобрите во својот тим со 14 поени и без промашување од игра, додека кај победникот Артем Клименко постигна петнаесет поени.

Во четвртфиналето од плеј-офот во ВТБ лигата Уникс Казањ ќе игра со Парма Перм.

Се вчитува...