Димитријевиќ повторно фантастичен, но Зенит се избори за мајсторка

Ненад Димитријевиќ одигра уште еден извонреден меч во дресот на Уникс Казањ во полуфиналето против Зенит, но неговиот тим сепак не успеа да триумфира на гостувањето во Санкт Петербург. Кошаркарите на Зенит во извонреден меч со бројни пресврти успеаја да стигнат до победа од 82-80, по што патникот во големото финале ќе биде решен со мајсторка што ќе се игра во Казањ.

Зенит подобро го отвори натпреварот во стартните неколку минути, но Уникс токму благодарение на Димитријевиќ успеа да се врати. Македонскиот репрезентативец постигна 16 поени само во првото полувреме, а на стартот од третиот период беше и брутално удрен од еден домашен кошаркар, кој за тоа доби неспортска лична грешка.

Уникс има за што да жали бидејќи имаше „плус три“ на три минути до крајот, а во финишот и не реализираше два обиди за тројка при 81-80, за овој дуел на крајот да заврши со триумф на домаќините.

Димитријевиќ повторно беше извонреден во дресот на Уникс, реализирајќи 23 поени, шест скока и четири асистенции, 20 реализираше Рејнолдс, додека кај Ертел најдобри поединци беа Хоумсли со 16 и Торопов со 15 поени.

Се вчитува...