Димитријевиќ расположен за атрактивни додавања во победата на Хувентут над Фуенлабрада (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ и Хувентут продолжуваат со одличните партии во новата сезона. Пред четата од Бадалона вечерва падна Фуенлабрада која беше совлада со 80-75. Хувентут одигра одличен натпревар во кој во текот на целиот меч го контролираше резултатот и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева на триумф.

Димитријевиќ постигна само пет поени на овој меч, но беше расположен за атрактивни проигравања до своите соиграчи, меѓу кои едно беше и „цепелинот“ кое Анте Томиќ го круниса со прекрасно забивање.

 

Се вчитува...