Димитријевиќ славеше против Вајли, македонските репрезентативци блескаа на терен

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд по голема битка успеаја да триумфираат со 95-100 на гостувањето против Сарагоса, тим за кој настапува новопечениот македонски репрезентативец Џејкоб Вајли. Двајцата македонски интернационалци беа меѓу најдобрите поединци на теренот, но благодарение на поголемата концентрација во завршните минути на триумф се радуваа гостите од Бадалона.

Токму Димитријевиќ беше меѓу најзаслужните во финишот, тој погоди под прекршок при резултат 90-89 за Сарагоса, потоа и асистираше за тројка до еден од соиграчите, што беше доволно за да се скрши отпорот на одличниот домашен тим.

Ненад Димитријевиќ мина на теренот 25 минути, период во кој реализираше 19 поени надополнети со пет асистенции. На спротивната страна, Вајли за 26 минути игра оствари дабл-дабл од 21 поен и 10 скокови, што сепак се покажа недоволно за Сарагоса да избегне пораз.

Се вчитува...