Димоски со супер-трансфер, потпишува за Партизан

Бојан Димоски ќе направи одличен трансфер на крајот од овој преоден рок, потпишувајќи за српскиот спортск гигант Партизан. Македонскиот фудбалски репрезентативец ја почна сезонава во дресот на руски Акрон, тим за кој сезонава одигра 14 натпревари (девет во руското првенство, пет во националниот куп), при што на теренот мина 1.017 минути..

За услугите на Димоски пристигнаа понуди од Унгарија, сериозен интерес покажа и ТСЦ од Србија, но кога пристигна понудата од Партизан македонскиот лев бек без многу размислување ја прифати.

Комплетирањето на трансферот се очекува во текот на утрешниот ден, ќе стане збор за позајмица на шест месеци, со можност за откуп во текот на летото за сума од околу 200.000 евра.

Димоски, кој претходно има настапувано за Академија Пандев и за Вардар, ќе биде третото засилување за белградските црно-бели зимава, по ангажманите на Јован Милошевиќ и Милан Вукотиќ.

Се вчитува...