Димов се врати на подготовките на А. Пандев, прв го пречека капитенот (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери на Академија Пандев, дефанзивецот Диме Димов се врати повторно на подготовките на тимот во Разлог, Бугарија, по несаканиот инцидент кој го имаше на пријателскиот натпревар со Берое. А прв кој го пречека беше цимерот и капитен на тимот, Сашко Пандев!

По неколкуте медицински прегледи во Македонија докторите дадоа зелено светло Димов да се врати на подготовките на екипата во Разлог. Неколку дена ќе тренира одвоено од тимот, по што ќе следува враќање во нормален тренажен процес и секако во комбинација за настап против Зрињски.

„Огромна благодарност до нашите Иван Карас Јовановски и Ѓорги Цонкиновски, како и до докторскиот тим на ФК Берое и ФК Славија Софија за брзата и навремена интервенција“ – велат од Академија Пандев.

Димов на тестот против Берое, при еден судир со противничкиот фудбалер Ерол Алкан, падна во бессознание притоа голтајќи го јазикот. Медицински лица од двата тима итно се впуштија во акција поради критичната ситуација и со навремена интервенција на крајот успеаја да го спасат животот на дефанзивецот на Академија Пандев.

Се вчитува...