Дин Хендерсон потпиша со Манчестер Јунајтед до 2025 година

Голманот Дин Хендерсон потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед кој го обврзува да остане на „Олд Трафорд“ до 2025 година. Тој имаше фантастична сезона на позајмица во Шефилд Јунајтед, а менаџерот Оле Гунар Солскјер одлучи да го врати во Манчестер и му понуди продолжување на соработката за нови пет сезони.

„Среќни сме што Дин Хендерсон потпиша нов долгорочен договор со клубот. Тој имаше одлична сезона во Шефилд Јунајтед и собра огромно искуство, созраеа како фудбалер кој може да се носи со предизвиците на Премиер – лигата. Хендерсон е фантастичен млад голман со неверојатна работна етика и се подобрува секој ден. Ние имаме голема конкуренција на голманската позиција, но Хендерсон дефинитивно ќе конкурира за да биде дел од нашиот тим“, изјави Оле Гунар Солскјер.

Се вчитува...