Дин Хендерсон се врати на Олд Трафорд (ФОТО)

Англискиот голман Дин Хендерсон се врати во екипата на Манчестер Јунајтед откако две години помина на позајмица во Шефилд Јунајтед. Младиот големан се прости од досегашниот клуб и потврди дека нема веќе да се враќа во Шефилд каде како позајмен играч ги мина двете претходни сезони, помогна во промоцијата на клубот во Премиер-лигата, а сезонава придонесе во пласманот на осмата позиција.

Дин Хендерсон веќе се појави во тренинг центарот на Манчестер Јуајтед. Давид де Хеа останува прв голман на „црвените-ѓаволи“, но враќањето на Хендерсон е дополнителен притисок за Шпанецот кој минатата сезона имаше неколку натпревари на кои беше главен виновник за слабите резултати на тимот.

Пред извесно време, менџерот Оле Гунар Солскјер најави дека Хендерсон за некој период ќе биде број еден  и во англиската репрезентација и во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...