Динамо Минск е следниот ривал на Работнички во ЛЕ

Белорускиот тим Динамо Минск е следниот ривал на Работнички во Лигата на Европа. Овој тим славеше и втор триумф над Рунавик (0-2), овојпат на гости, откако пред седум дена победи во Белорусија со 2-1.

Фудбалерите на Динамо Минск славеа на гости на Фарски Острови со 0-2, со двата гола на Антон Сарока во 32.минута и во 90.минута од пенал. На Рунавик не му помогна ниту фактот дека Динамо Минск речиси цел натпревар играше помалку. Во седмата минута исклучен беше гостинскиот играч Биков, кој нема право на настап на првиот меч против „романтичарите“.

Работнички треба да биде домаќин на првиот дуел против Динамо Минск, а реваншот ќе се игра во Белорусија.

Се вчитува...