Динамо Минск се запозна со комплексот на ФФМ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Стадионче како кутивче, кус терен, малку публика и пеколно време за игра. Се запознаа фудбалерите на Динамо Минск со деталите во пресрет на утрешниот меч против Работнички, кој ќе се одигра со почеток во 18 часот во комплексот на ФФМ, во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Белорускиот тим го одработи официјалниот тренинг на стадионот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Тренерот Сергеј Гуренко сепак им „сервираше“ лесен тренинг на своите фудбалери, со оглед дека сака да ја задржат свежината на утрешниот меч.

[new_royalslider id=”712″]

Се вчитува...