Динамо рутински против Валур до второ коло во ЛШ (ВИДЕО)

Динамо Загреб на нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски се пласираше во 2. коло од квалификациите во Лигата на шампионите, откако славеше на гостувањето кај исландски Валур со 0-2.

Разликата во квалитет се покажа и во реваншот и покрај црните последни пет минути во првиот меч во кои Исланѓаните од негатива од 3-0, се вратија до 3-2, Динамо Загреб на рутински начин обезбеди пласман понатаму.

Лука Иванушец во 31. минута донесе водство за „модрите“ од 0-1, додека конечните 0-2 ги постави Оршиќ во 89. минута. Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути на овој меч, додека Стефан Ристовски повторно остана на клупата за резерви.

Во второто коло од Лигата на шампионите Динамо Загреб ќе игра против кипарска Омонија.

 

 

Се вчитува...