Динамо Загреб не го продава големиот бисер

Динамо Загреб речиси секое лето традиционално продава еден од играчите со најголема вредноста на пазарот, пари што потоа се инвестираат во доаѓање на нови фудбалери на „Максимир“.

Се очекуваше летово тоа да биде случај со Мартин Батурина, извонредниот плејмејкер кој го привлече вниманието на бројни клубови ширум Европа. Понуди имаше неколку, а највисоката ја испрати Лидс јунајтед во висина од 30 милиони евра, но бидејќи станува збор за клуб кој не е дел од Премиер-лигата самиот Батурина ја одби оваа понуда.

Вечерва со изјава се јави и првиот човек на Динамо, Велимир Зајец, кој објави дека по обезбедениот пласман во групната фаза од Лигата на шампиони е донесена одлука клубот да не го продава Батурина.

„Како клуб сме свесни за интересот на пазарот што владееше за Мартин Батурина, понудите беа исклучителн коректни. Сепак, по разговорите што ги водевме и анализите направени внатре во клубот донесена е одлука Батурина да остане дел од Динамо Загреб. Тоа не е само спортска, туку и стратешка одлука на нашиот клуб, бидејќи веруваме дека со него во тимот можеме да ги оствариме сите цели што ги имаме зацртано за оваа сезона“, изјави Зајец.

Се вчитува...