Динамо Загреб со атомски напад ја торпедираше Астана

Динамо Загреб е на добар пат да ја мине првата пречка во квалификациите за Лигата на Шампионите откако хрватскиот првак славеше на првиот дуел со Астана со преубедливи 4-0, трасирајќи си го патот до новата квалификациска рунда.

Гостите од Казахстан триесетина минути одолеваа на нападите на „модрите“, пред Бруно Петковиќ конечно да го најде патот до мрежата на Астана. Потоа на сцена стапи Иванушец, со два гола до крајот на полувремето зголеми на 3-0, по што истиот фудбалер на самиот старт од вториот дел го комплетираше својот прв хет-трик во кариерата.

Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути за Динамо Загреб на овој натпревар.

Блиску до следната квалификациска рунда е и Панатинаикос, откако грчкиот состав славеше со 1-3 на гостувањето против Дњипро. Шпорар, Ѓуричиќ и Јоанидис од пенал донесоа водство од 0-3, по што Дњипро успеа само да постигне почесен погодок пред самиот крај преку Каплиенко.

Се вчитува...