Синот на Фил Невил, Харви го потпиша првиот професионален договор со Манчестер Јунајтед. Договрот на 18-годишниот фудблер кој е дефанзивец како и татко му е на една година. Прв приоритет за него е да обезбеди место во тимот на Јунајтед до 23 години кој е скалило на патот до првиот тим.
„Горд сум што го потпишав првиот професионален договор со Манчестер Јунајтед. Им благодарам на семејството и на тренерите за целата поддршка“ – вели Харви Невил.
Тој оди по стапките на славниот татко кој играше за Јунајтед, Евертон и за англиската репрезентација како и на чичко му Гери кој целата кариера ја мина на „Олд Трафорд“. Харви имаше кратки период во Манчестер Сити и во Валенсија, но сепак реши да ја продолжи семејната традиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА