Директорот на Австралија опен: Среќен сум што Новак повторно ќе биде со нас

Директорот на Австралија опен, Крег Тајли, со нетрпение го очекува враќањето на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

Од познати причини Ѓоковиќ не настапи на турнирот на кој е деветкратен шампион во 2022 година, но ситуацијата сега е променета.

„Фокусирани сме да му посакаме добредојде на Ѓоковиќ кој ќе пристигне следната недела. Ќе игра во Аделаида, а потоа и на Австралија опен. Многу зборував со него во текот на годината, тој е голем шампион. Тој е во одлична форма и ќе биде фаворит. Тој е популарен во Австралија, има голема база на фанови овде“, рече Тајли.

Отвореното првенство на Австралија почнува на 16. јануари, а бранител на титулата е Рафаел Надал.

Се вчитува...