Огромно е разочувањето во таборот на Баерн Минхен по синоќешниот шокантен пораз од третолигашот Сарбрикен и елиминацијата од Купот на Германија.
Баварскиот гигант загуби со гол во 96. минута по бројните нереализирани шанси во второто полувреме, но директорот Криштоф Фројнд смета дека тимот бил казнет за катастрофалното издание во првото полувреме. Баерн одигра далеку под своите можности во првите 45 минути по кои резултатот гласеше 1-1, Тухел внесе неколку нови фудбалери и го крена темпото на игра, но баварците не успеаја да постигнат втор гол и на крајот го загубија натпреварот.
„Не можам да разберам како можевме да бидеме толку слаби во првото полувреме. Како може да се игра фудбал без душа, без брзина, без агресивност. Не може да се излезе на терен со таков пристап, без разлика кој е противникот од другата страна. На крајот, победата на Сарбрикен воопшто не беше незаслужена. Ова е навистина болен пораз, но самите сме си виновни. Бевме решени да стигнеме до финалето во Берлин, а сега се е готово“, изјави Фројнд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА