Директорот на Ферари: Мораме да се поправиме

Директорот на Ферари, Матија Биното рече дека неговата екипа мора да се поправи и да се промени ако сака повторно да ги освојува титулите во Формула 1, и дека би било болно да заврши зад Мерцедес.

Во текот на изминатиот викенд во Монца, претседателот Џон Елкан даде интервју до кое рече дека има доверба во Биното, но нагласи дека е незадоволен од сезоната.

Биното кажа дека е потполно свесен за задачите кои се пред тимот.

„Ако ја гледаме оваа сезона, знаеме дека мораме да направиме чекори напред за да бидеме подобри во позиција да освоиме титула. Ферари направи голем напредок од минатата сезона. Морате да се вратите многу години наназад за да видите дека екипата се развива. Вкупно гледано екипата направи одлична работа во развојот на волидот, но има ситуација во кои мора да се поправиме и да напредуваме“, рече Биното. 

Се вчитува...