Директорот на Јунајтед повторно ги разгори страстите на фановите: Парите не се проблем, наша цел е Де Јонг!

Клубот од „Олд Трафорд“ ќе претрпи сериозни промени ова лето под водство на Тен Хаг во играчкиот ростер, но пред да се случи ова, веќе видовме една голема промена во директорските позиции.

Ед Вудвард си замина од клубот и на негово место како извршен директор беше назначен Ричард Арнолд, а новиот оперативец на „ѓаволите“ во разговор со фановите открива дека сите прават максимални напори за да го договорат супер засилувањето од Барселона.

„Де Јонг? Парите не се проблем. Тренерот Тен Хаг бара играчи кои ги сака и тој го сака Де Јонг. Работиме од шест часот наутро до десет навечер за да постигнеме договор за овој трансфер. Имаме 200 милиони фунти за купување, не сакаме да ни избегаат главните трансфер цели“, им порача Арнолд на фановите.

Френки Де Јонг е ставен на трансфер листата од Барселона и покрај тоа што играчот нема ништо против да остане на „Камп Ноу“, ситуација која сака да ја искористи Јунајтед, клуб кој веќе стапил во контакт со одговорните луѓе на Холанѓанецот.

Се вчитува...