Директорот на Јувентус ја откри причината за отказот на Тудор: Едноставно е…

Директорот на Јувентус, Дамиен Камоли на пресконференцијата за медиуми на која го претстави новиот тренер Лучијано Спалети говореше и за отказот на хрватскиот стратег Игор Тудор.

Французинот вели одлуката за отказ е едноставна и таа се базира на резултатите кои во последниот период не беа позитивни.

„Резултатите. Недостатокот на резултати. Едноставно е. Во еден момент помисливме дека овој циклус мора да заврши. Секогаш се зависи од резултатите, а тие беа негативни. Тимот не играше на најдобар начин и тоа јасно му го кажав во понеделникот. Затоа ја направивме промената“, изјави Камоли.

Се вчитува...