Дирк Новицки не ги остава Лука и Далас на цедило – повторно му се приклучи на тимот (ФОТО)

Далас поминува низ период на ребилдинг откако по во кус период си заминаа тренерот Рик Карлајл и генералниот менаџер Дони Нелсон па сопственикот на тимот напомош го повика Дирк Новицки, а легендеата на тимот веднаш го прифати предизвикот.

Германецот ќе биде консултант во тимот за изнаоѓање на вистинското решение за предводник на составот. Новицки вели сеуште не е спремен да прифати поголема улога, но е тука за тимот кога и да е тоа потребно.

„Кубан ме контактираше и побара помош од мене. Нормално, одма прифатив. Ќе му помогнам на Далас на секој можен начин“, изјави Новицки.

Се вчитува...