Дивац: Џордан би постигнувал по 80 поени на натпревар!

Легендарниот кошаркар Владе Дивац играше во најдобрата светска кошаркарска лига – НБА и тоа во ерата на Мајкл Џордан, па особено добро ги познаваше неговите квалитети.

Дивац во разговор со српските медиуми објасни што мисли за Џордан, а притоа кажа дека тој е подобар и од Леброн Џејмс.

„Еве да ви објаснам едноставно. Да го имате Џордан сега на паркетот, тој би постигнувал по 80 поени на натпревар. Па така споредете кој е најдобар во историјата. Правилата се променија. Нема повеќе физички контакти, груба игра и многу други работи. Се игра само за публика“, заклучи Дивац.

Се вчитува...