Дивац доби продолжен договор во Сакраменто

Владе Дивац останува на функцијата генерален менаџер на НБА тимот на Сакраменто кингс до 2020 година. На Дивац и на тренерот  Дејв Јергер им се продолжени договорите, објавија од клубот.

Некогаш прославениот српски кошаркар, поранешна ѕвезда на Сакраменто, стана генерален менаџер на клубот во сезоната 2015/2016. Минатата сезона Дивац беше цел на критики поради „трејдот“ на Демаркус Казинс во кој главен возвратен играч беше Бади Хилд.

Но, летово Дивац направи „добар пазар“. Со драфтот на Диерон Фокс од петото место, Дивац го реши проблемот на плејмејкерската позиција. За Сакраменто потпиша и српскиот репрезентативец, Богдан Богдановиќ, а од ветераните пристигнаа Винс Картер, Џорџ Хил и Зек Рејнолдс и Дивац успеа да направи тим во кој има идеален спој на младост и на искуство.

Се вчитува...