Мундијалската „треска“ е се поголема како што се ближи почетокот на СП 2026, па на спортските подкасти свои прогнози даваат и легенди што немаат врска со фудбалот.
Така, Владе Дивац беше гостин и говореше за кошаркарски теми, но доби и прашање – да го открие својот фаворит за претстојниот мундијал. Легендарниот српски кошаркар обелодени дека според него, светски првак ќе стане – Бразил.
„Ќе навивам за Босна. Ја изненадија Италија во квалификациите и ќе биде прекрасно да ги гледам на СП и да навивам за нив. Ако ме прашувате за мој фаворит, тоа е Бразил. Во 95% од случаите шампион станува селекција што доаѓа од иста хемисфера, а верувам дека Бразил има најголеми шанси“, истакна Дивац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
