Дмитри Паје позитивен на коронавирус

Коронавирусот продолжува да прави проблеми во клубовите ширум Европа. Меѓу петте заразени фудбалери во Олимпик Марсеј е една од ѕвездите на клубот е и Дмитри Паје, потврдија од клубот.

Претходно, позитивни на Ковид-19 беа и Амави, Ронгиер, Лопез и Манданда. Сепак, останатиот дел од тимот тренира индивидуално во мали групи на два терени во различни време.

Поради целата ситуација натпреварот од првото коло во Лига 1 на Марсеј против Сент Етјен мораше да биде одложен.

 

Се вчитува...