До неодамна работел како гробар и доставувач, а сега го предводеше Лејкерс до победа (ВИДЕО)

Во животот никогаш не е лесно, но никогаш не смеете да се откажете од соништата. Последен доказ за тоа е Мет Рајан, играчот на Лос Анџелес Лејкерс чија кошаркарска кариера не започнала најдобро, но по турболентиот пат вчеравечер доживеа слава која долго ќе ја памети без разлика на се.

По крајот на колеџ кариерата во 2020 година Рајан не бил избран на НБА драфтот, а шансата која ја добил во Џи-Лигата завршила прерано поради пандемијата на ковид-19. Поради тоа сега 25-годишникот бил приморен да бара друго решение за егзистенција, а до неодамна работел како доставувач на храна и гробар во Њујорк.

Прва шанса во најсилното кошаркарско натпреварување добива во Кливленд, но само две недели подоцна преминува во Денвер за кој повторно настапува во развојната лига. Таму го примамува интересот на Бостон кој сепак не го продолжува неговиот договор за оваа сезона, но завршува во Лос Анџелес каде не е во план за настап, но добива шанса поради преголемиот број на повреди.

Полека шансата ја претвара во стандардни минути на паркетот, а со тројка со звукот на сирената вчера донесе продолжение на мечот против Њу Орлеанс.

Се вчитува...