До толку е лут: Хамилтон не сака да каже ни збор за Ферстапен

Луис Хамилтон и Макс Ферстапен не успеаја да го поправат односот по лудата завршница на претходната сезона во која младиот Холанѓанец стигна до титулата, претекнувајќи го искусниот Британец во последниот круг од последната Голема награда во сезоната.

Хамилтон во Абу Даби беше сопрен во можноста за рекорден трофеј со кој ќе го престигнеше Михаел Шумахер на вечната листа, а шансите да се случи тоа оваа сезона е речиси невозможни, па сега не сака ни да коментира на темата „Макс“.

„Не сакам да говорам за него во ниеден сегмент“, одговори Хамилтон на новинарско прашање за коментар на Ферстапен како возач и личност.

Се вчитува...