Добитници од наградната игра „100. натпревар на Горан Пандев“: Од 700 одговори – 7 среќници!

Во очекување на јубилејниот 100. натпревар на Горан Пандев за националниот тим во четврток против Летонија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, ЕКИПА заедно со ФФМ и најдобриот македонски фудбалер издвоија седум подароци за нашите читатели.

На прашањето: Против која селекција Горан Пандев дебитираше за македонската фудбалска репрезентација?“ објавено денеска на официјалната фејсбук страница на ЕКИПА одговор испратија повеќе од 700 наши читатели, а награди по случаен избор добија седум среќници. Оние седум кои знаеја дека Горан Пандев за македонската репрезентација дебитираше на 6. јуни 2001 година против Турција во Бурса во квалификациите за Светското првенство 2002 година кој заврши 3-3. Горан Пандев во игра влезе на местото на Арџент Беќири во 66. минута, и од тогаш цели 18 години е неизбежен дел од националниот состав оставајќи зад себе 99 официјални натпревари, а во очекување на оној 100-от против Летонија.

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЈУБИЛЕЕН 100. НАТПРЕВАР НА ГОРАН ПАНДЕВ“…

ОФИЦИЈАЛЕН ДРЕС НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД ГОРАН ПАНДЕВ:

Ненад Миленковски

ФУДБАЛСКА ТОПКА:

Славија Маврова Чурлинова

ПЕТ ДОБИТНИЦИ НА ПО ДВА БИЛЕТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА:

Христијан Бошковски

Филип Маџов

Драган Манев

Златко Бојкоски

Дарко Илиевски

  • Добитниците на наградите неопходно е да испратат свои лични податоци и контакт телефон на е-мејлот на редакција ЕКИПА: ekipa@ekipa.mk, за понатамошен договор за подигнување на наградите.

Се вчитува...