Добра вест од Милано: Тетивата на Ибрахимовиќ не е оштетена

Стравувањата дека би можело да дојде до предвремен крај на кариерата на Златан Ибрахимовиќ денеска исчезнаа, откако Милан преку официјално соопштение објави дека повредата што шведскиот ас ја заработи на вчерашниот тренинг не е од сериозен карактер. Бројни италијански медиуми објавија дека повредата на Ибракадабра најверојатно е многу сериозна, објавувајќи дека станува збор за проблем со тетивата.

Сепак, деталните лекарски прегледи извршени од медицинскиот тим на „росонерите“ покажаа дека станува збор само за мускулот на десната нога.

„По вчерашниот тренинг и повредата што ја заработи Златан Ибрахимовиќ, сакаме да објавиме дека станува збор само за проблем со мускулот. Ахиловата тетива на Златан не е оштетена и функционира беспрекорно. За десет дена ќе бидат извршени нови контролни прегледи“, се вели во соопштението на „росонерите“.

Швеѓанецот речиси сигурно ќе ги пропушти првите натпревари по продолжението на сезоната, но сепак најважно од се е што повредата не е премногу сериозна и тој ќе може да настапи на уште неколку натпревари во дресот на „росонерите“ пред да ја донесе одлуката каде ќе настапува во 2020/21.

Се вчитува...