Добра вест: Повредата на Несторовски не е сериозна

Илија Несторовски нема премногу долго да отсуствува од терените по повредата на листот заработена на последниот натпревар против Читадела, на кој Палермо ремизираше 2-2 и ги загуби сите шанси за автоматски влез во елитното друштво.

Ова го тврди италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, повикувајќи се на извори од лекарскиот тим на Палермо. Според овие информации, Несторовски не е сериозно повреден, а замената во првото полувреме била направена за да не се ризикува со влошување на неговата состојба. Во Палермо очекуваат македонскиот голгетер да биде стопроцентно подготвен за настап на бараж-пресметките, што е одлична вест и за нашиот национален тим, бидејќи Несторовски би бил во можност да настапи на квалификациските средби со Полска и со Австрија.

Фудбалската репрезентација на Македонија има четири бода по првите два квалификациски натпревари во групата Г за пласман на ЕП 2020. Во јуни, во Скопје ќе гостуваат фаворитите Полска и Австрија. „Црвено-жолтите“ мечот со Полска ќе го играат на 7.јуни, а три дена подоцна е закажан дуелот со Австрија.

Се вчитува...