Добра вест за Баерн: Коман ќе игра со Ливерпул

Баерн Минхен ќе биде посилен за Кингсли Коман на дуелот од Лигата на шампионите против Ливерпул, што ќе се игра во вторник на „Енфилд роуд“. Францускиот ас се повреди во финишот од синоќешниот меч со Аугсбург, по што се стравуваше дека станува збор за нов проблем со зглобот на левата нога, што ќе значеше и подолга пауза.

Сепак, деталните лекарски прегледи покажаа дека не станува збор за посериозна повреда, Коман утре ќе тренира со остатокот од тимот, па во вторник најверојатно ќе биде стартер во екипата на Нико Ковач.

„Лекарите дадоа зелено светло – Коман ќе може да игра против Ливерпул“ – потврди и Баерн Минхен преку своите официјални профили на социјалните мрежи.

Се вчитува...