Добра вест за Лено – избегнато „црното сценарио“

Во таборот на Арсенал можат да здивнат откако беше обелоденето дека повредата на Бернд Лено не е од најсериозен карактер, бидејќи не станува збор за кинење на лигаментите. Германскиот голман настрада во првото полувреме од дуелот со Брајтон, a со оглед на агонијата во која се наоѓаше додека лежеше на теренот, првичните прогнози беа дека станува збор за кинење на лигаментите во коленото.

Сепак, деталните лекарски прегледи донесоа добра вест за „топчиите“, станува збор само за истегнување на лигаментите, за што паузата ќе изнесува меѓу четири и шест седмици. Оваа сезона е завршена за Германецот, но добра вест за Артета е што тој ќе биде максимално подготвен за новата сезона, па Арсенал нема да мора да бара голман во текот на летниот преоден рок.

Во пресрет на наредниот премиерлигашки дуел со Саутемптон се очекува во тимот да се врати Гранит Џака, а Артета покрај Лено на располагање ќе ги нема и суспендираниот Давид Луиз и повредените Мартинели, Мари, Тореира и Чемберс.

Се вчитува...